All for Joomla All for Webmasters
Фабриката за картонска амбалажа Дамипак Дооел од Пробиштип е основана 2000 година. Во текот на повеќе годишното работење Дамипак прерасна во еден од водечките производители на картонска транспортна амбалажа. Се простира на околу 8000 м2 земја од кои 4000м2 е производствен административен и магацински простор. Основ на постојаниот раст на компанијата е придонесен како од современата автоматизирана опрема која ја поседуваме така и од обучениот стручен кадар кој повеќегодишно работи на унапредување и усовршување на производството. Покрај софистицираната опрема која ја поседуваме Дамипак располага и со свој возен парк, така што покрај брзото и квалитетно производство и ги доставуваме нашите производи, како низ територијата на цела Република Македонија тана и надвор од границите.
Ве повикуваме Вас да станете и Вие клиент на Дамипак и самите да се уверите во квалитетот на нашата амбалажа и во предностите во работата со нас.
Стратегија и планови
-Бизнис стратегија
Деловната политика се заснова на континуирана иновација и соработка со клиенти со цел да ги задоволи нивните потреби за квалитетно пакување. Дамипак ја одржува својата водечка позиција во индустријата за пакување преку континуирано вложување во технологијата и човечките ресурси.
Мисијата на Дамипак е да им обезбеди на клиентите:
- пакување со врвен квалитет
- модерни графички решенија
- сигурен партнер
Општи цели
- Подршка на барањата и очекувањата на клиентите во однос на квалитетот,
- Максимизирање на профитот со континуирано намалување на трошоците на сите нивоа,
- Раст на развојот и развој на Дамипак Дооел и клучните материјали и човечки ресурси
- Листа на успешна компанија како основа за присуство, признавање и водечка позиција на пазарот во земјата.
.....